Сопругот го нашол мртвото тело на актерката Билјана Беличанец

Скопје, 7 април 2019 (МИА) –  Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ синоќа беше најдена мртва во стан во Скопје.

МВР соопшти дека синоќа околу 22.30 часот, во полициска станица Центар, нејзиниот сопруг, режисерот Сашо Миленковски пријавил дека на ул.„Истарска“ во неговиот стан ја нашол мртва 45-годишната сопруга, која си го одзела животот со бесење.

Од страна на Итна медицинска помош е констатирана смрт.

Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на Судска медицина за обдукција.

Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Родена е во 1973 година. Дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1994). Работи во Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп (1994-1997), а од 1997 година е во Драмски театар Скопје.

Одигра голем број улоги меѓу кои и Маргарет Флаерти („Заводникот од западниот свет“, 1997), Сузана („Свадбата на Фигаро“, 1998), Софија Јегоровна („Платонов“, 1999), Клариса де Бисоњози („Арлекин – слуга на двајца господари“, 1999), Кинегонда/ Газдарица на јавна куќа („Кандид во земјата на чудата“, 2000), Ерика Брукнер („Мефисто“, 2000); Маре („Тетовирани души“, 2001).

Беше дел и ТВ-проектот „Здраво генијалци“ и натсинхронизираше гласови во турски серии.

Има добиено повеќе награди за актерските остварувања, меѓу кои и награда за најдобро актерско остварување за улогата на Кинегонда во претставата „Кинегонда во Карлаленд“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ Прилеп (2009), награда за најдобро актерско остварување за улогата на Сара во претставата Генетика на кучињата на МТФ „Војдан Чернодрински” (Прилеп, 2012).

реклама

Хроника

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Read more

Приведен охриѓанец кој го фотографирал гласачкото ливче

Read more

Тетовец ја држел затворена снаата и физички ја повредувал

Read more

Исчезна 17-годишник од установа за згрижување деца во Карпош

Read more
 

Вести

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Читај повеќе

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Читај повеќе

Силјановска Давкова: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Читај повеќе

Одзивот до 19 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Читај повеќе

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Читај повеќе

Левица: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Читај повеќе

Европски фронт: Очекуваме голема, историска победа, тоа го потврдуваат информациите од терен

Читај повеќе

Две лица од Скопје го искинале гласачкото ливче, неколкумина го фотографирале

Читај повеќе
  • filter

Максим Димитриевски: Народот одлучува за иднината на Македонија

Читај повеќе