Совладан крадец кој сакал да ограби маркет во Чаир

Скопје, 22 ноември 2019 (МИА) – Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомневање дека сторило кривично дело – разбојништво.

-Со закана дека непосредно ќе нападне врз животот и телото на две оштетени лица, осомничениот, на 20 ноeмври, одзел пари од маркет на ул. „Цветан Димов“. Имено, тој влегол во објектот со пиштол марка „EKOL SPECIJAL 99” со калибар од 9 мм и им се заканил на оштетените. Им наредил да се тргнат од касата, посегнал преку пултот, ја отворил касата со клучот и одзел пари од дневниот промет во вкупен износ од 5.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.

Во тој момент, во маркетот влегло уште едно лице кое се нафрлило врз осомничениот со намера да ги заштити оштетените, па осомниченото лице бил совладано и му било одземено оружјето.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител на судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје му предложил на лицето да му определи мерка притвор. 

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе