Наука

SpaceX се враќа: Лансирањето на првата ракета по експлозијата закажано за 8 јануари

3. јануари 2017 - 9:58 | Д.П.

SpaceX ќе лансира нова ракета на 8 јануари, четири месеци по експлозијата на ракетата Falcon 9 која предизвика застој во работата за да се утврди причината за несреќата.

Компанијата сега откри дека причината за експлозијата на ракетата и сателитот што го носеше се скинатите карбонски влакна кои го запалиле ладниот кислород.

Колку за потсетување, ракетата Falcon 9 експлодираше на 1 септември минатата година, а со себе го имаше сателитот Space ComunicationLtd. Сега SpaceX ги презеде сите мерки и корекции за да се осигураат дека повеќе нема да има такви експлозии.

Следната недела вселенската компанија ќе лансира 10 помали сателити на сателитскиот оператор Iridium кој во орбитата има околу 60 сателити наменети за мобилна комуникација.

Loading the player...

Коментирај