Space X успешно ја изведе мисијата за Меѓународната вселенска станица, лансирајќи ја ракетата Falcon 9.
По вчерашното одлагање поради безбедносни мерки денеска беше успешно изведена акцијата за достава на товар за астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Ракетата Falcon 9 успешно се врати на површината на Земјата, во вертикално слетување.
Освен товарот, тежок околу 2,5 тони во испорачаниот пакет се наоѓа и смртоносна бактерија која астронаутите ќе ја проучуваат за да го сфатат влијанието на намалената гравитација на опасните микроорганизми.