Спасен редок белоглав мршојадец во Малешевијата

Берово, 10 октомври 2019 (МИА) – Белоглав мршојадец кој е птица од загрозен вид во Малешевијата е спасен од повреда од страна на хумани граѓани.

Птицата, откако била пријавена, како што информираат од здружението „Проанима“, ја примил ветеринарен инспектор од Берово, кој констатирал повреда во делот на крилјата.

-Птицата не можела да лета, поради удари од камења. Била сместена во сигурна просторија на Шумското претпријатие во обезбеден кафез со храна и вода. Поради тоа што немавме искуства со птици, откако бевме известени за случајот, решивме да побараме помош од Македонското еколошко друштво, информираат од „Проанима“.

Со поддршка на Македонското еколошко друштво, започнала акција за преземање на птицата од страна на Ветеринарен факултет од Скопје каде во моментот се наоѓа белоглавиот мршојадец.

-Во акцијата за обезбедување транспортно возило, ни помогнаа од Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“. Белоглавиот мршојадец, потоа беше превземен од Македонското еколошко друштво и однесен директно на Ветеринарен Факултет во Скопје, каде е извршен преглед и првичните резултати се добри. По добивање на резултати од рентген и крв, ќе се знае колку време би траела терапијата, за да биде целосно излечен и вратен во природа, велат од здружението „Проанима“ од Берово.

Белоглавиот мршојадец е вистинска реткост во Малешевијата. Според податоците на Македонското еколошко друштво, овој вид на птичја фауна, најмногу е застапен во околината на Демир Капија, клисурата на Црна Река во близина на Тиквешко Езеро, Мариово, на планината Осогово и кај езерото Матка.

реклама

Чек дис аут

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Read more

„Село на духови“ кое стана популарна туристичка атракција

Read more

За што служи металниот дел на пакувањето од саламите?

Read more

Што навистина значат боите на знамињата на САД, Италија, Германија и Грција?

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе