Спасов поднел кривични пријави за група која наводно го бркала

Дополителниот заменик-министер за труд и социјална работа, Диме Спасов дал исказ во полициската станица Карпош, а изјави дадоа и други лица, инволвирани во настаните. Медиумите кои се повикуваат на полициски извори велат дека тој поднел кривична пријава против неколку лица од албанска етничка припадност од скопската населба Серава, кои ноќта наводно го бркале и го нападнале, а попладнево добиле кривични пријави.

Станува збор за нова верзија за неколкуте сообраќајни инциденти што ги предизвика Спасов во скопската населба Тафталиџе. Тој досега со медиумите контактираше само преку соопштението од неговиот кабинет. Во оваа верзија, која ја пренесуваат медиумите, се потврдува дека Спасов и сопатничката се движеле од Градски стадион до Тафталиџе кон улицата „Алжирска“ каде биле сопрени од полицијата, по првата сообраќајка што се случила во близина на Градскиот парк, од каде е добиена и првата пријава од оштететен граѓанин.

Засега не е познато каков исказ дал Спасов во станица, но Министерството за внатрешни работи во билтенот за инцидентот од петокот веќе ги потврди информациите на медиумите дека тој бил функционерот кој предизвикал сообраќајна незгода и избегал при увидот на полицијата.

Заменикот-министерот Диме Спасов поднел кривична пријава до неколкумина луѓе, за кои тој тврди дека се насилниците кои вчеравечер го нападнале и го бркале возилото во кое се превезувал.

Според полицискиот извештај, Спасов направил два сообраќајни инциденти и побегнал од полицијата кога бил сопрен, а неговата сопатничка останала во полиција и дала исказ. Потоа, на местото на инцидентот на улицата „Алжирска“ се појавило трето лице кое тврдело дека тоа го управувало џипот „туарег“. Според сознанијата на медиумите, лицето кое се пријавило како сторител на незгодата, е личниот возач на министерот Спасов, вработен Минисерството за труд и социјална политика.

реклама

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Трик со омекнувачот за облеката да мириса убаво и до седум дена

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Во која храна ги има трите минерали најважни за тироидната жлезда?

Read more

Хроника

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Read more

Малолетник избоден на Бит-пазар, напаѓачите му барале пари

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: НАТО не носи демократија, НАТО е кршач на меѓународното право и Повелбата на Обединетите нации

Читај повеќе

Во Франција за Велигден ќе биде распоредена полиција пред секоја црква

Читај повеќе

Расправија за паркинг во Аеродром прераснала во голема тепачка

Читај повеќе

Се степале вработени во болница во Карпош

Читај повеќе

Дарко Лукиќ од 1 јули е новиот извршен директор на Групацијата Нелт

Читај повеќе

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Читај повеќе

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

Синоним за престиж – Шпаркасе Банка ја претстави новата дебитна картичка Visa Platinum

Читај повеќе

Странските компании загубија 107 милијарди долари со повлекувањето од Русија

Читај повеќе