Спасовски: Двајцата полицајци биле во Шуто Оризари приватно

Скопје, 1 февруари 2019 (МИА) – Двајцата вработени во МВР за кои е одреден притвор во врска со настанот во Шуто Оризари од 28 минатиот месец во моментот кога се случил инцидентот не биле на служба во населбата, не биле во функција на полицајци. Тие на местото на настанот престојувале приватно, истакна денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање по настанот за доделување сертификати за завршена обука за идентификување на потеклото на пожарите.

„Тие таму не дошле ниту по нечија дојава, ниту по некаква објава на Facebook, туку биле приватно на поминување низ населбата“, истакна Спасовски.

Министерот за внатрешни работи посочи дека ден пред инцидентот на Facebook имало објава за наводно киднапирање на деца во Шуто Оризари и додаде оти тоа било мотивот за целата оваа случка поради што и тој самиот го споделил со јавноста.

Спасовски потсети оти во врска со случајот се поднесени седум кривични пријави, но отворена е можноста и други луѓе да се инволвирани во овој настан.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапувајќи по кривична пријава од МВР вчера во врска со настанот во Шуто Оризари донесе наредба за спроведување истражна постапка против двајца вработени во МВР. Постои основано сомнение дека тие сториле кривично дело „насилство“ од член 386 став 6 од Кривичниот законик.

„Тие се осомничени дека заедно со уште пет други лица за кои води постапка во ОЈО – Скопје извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило ‘хјундаи галопер’ без регистарски таблички. Притоа физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци и нанесувајќи им телесни повреди“, се појаснува во вчерашното соопштение на ЈО.

За двајцата осомничени припадници на МВР е одреден притвор во траење од 30 дена.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе