Спасовски разреши двајца осомничени во случаите на СЈО

Техничкиот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски соопшти дека направил 11 кадровски промени во МВР, со цел да се организираат кредибилни и фер избори, а меѓу разрешените се и двајца осомничени во случаите што ги отвори Специјалното јавно обвинителство, а кои се прераспределени на пониски позиции.

Едниот вработен е Небојша Стајковиќ, осомничен во случајот „Трезор“, предмет за кој СЈО вчера одржа прес-конференција. Обвинителките не ги соопштија имињата, иницјалите, ниту функцијата на осомничените лица, освен дека тројца биле вработени во Управаат за безбедност и контраразунзвање, а еден во Министерството за внатрешни работи.

Дел од медиумите објавија дека осомничениот кој бил вработен во Министерството за внатрешни работи е Небојша Стајковиќ, брат на Владислав Стајковиќ кој е прв сопственик на фирмата „Финзи“, фирма преку која одело незаконското набавка на опремата.

Како што соопшти СЈО, Управата за безбедност и контраразузнавање набавила опрема за комуникации од британска фирма, но тоа не го направила директно од правното лице од Велика Британија, туку со посредник, македонската фирма „Финзи“ која на почетокот за директор имала лице во крвно сродство со третоосомничениот од овој случај, а последен директор на фирмата е сведокот на СЈО, Коста Крпач кој пред шест месеци се самоуби.

Како што соопштуваат од МВР, Стајковиќ се разрешува од помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии и се именува за дополнителен заменик на помошникот на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии, додека Горан Трајановски се именува за помошник на министерот на Оддел за информатика и телекомуникациии.

Разрешен е командирот на „Алфите“ Ивица Анчевски-Пуки кој е осомничен во случајот „Тортура“, односно за нечовечкото постапување при апсењето на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошкоски.

Тој е именуван за дополнителен заменик на началникот на единица за ПОИ- Алфа, а Примислав Димовски се враќа на местото на Анчевски.

Спасовски рече дека го искористил правото според договореното од Пржино и направил смени во МВР со цел да се организираат кредибилни и фер избори во декември.

„Врз основа на измените на Законот за Влада го искористив моето право за промена на дел од раководните структури. Поточно именував 11 нови раководители на организациони едници во состав на МВР, седум во секторите за внатрешни работи и четири во Министерството за внатрешни работи односно во одредени оддели“, соопшти Спасовски.

Тој вели тоа го направил врз основа на својата проценка и проценката на неговиот тим со единствена задача да до изборите, МВР функционира нормално, да се обезбедат услови за фер и демократски избори.

Дополнителниот заменик министер на МВР, Оливер Андонов пак обвини дека Спасовски извршил безочен упад во законската регулатива.

„Со извршените противзаконски именувања, Спасовски се стави над законот и го доведе во прашање целокупниот систем на организација и работа во МВР. Заобиколувајќи ги на криминален начин правилата, процедурите и критериумите за распоредување, Спасовски си дозволи да унапредува лица за 3-4, па се до 12 скалила во хиерархиската поставеност, што е акт без преседан и кој нема ама баш никакви допирни точки со Закон за внатрешни работи, подзаконските акти на МВР и колективниот договор“, рече Андонов.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе