Спасовски: Жалам за убиството, полицаецот бил примен во времето на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје, 17 септември 2018 (МИА) - „Жалам за настанот што се случи, го осудувам, но мора да истакнам дека македонската полиција реагираше веднаш и за неколку часа е утврден сторителот и изведен пред лицето на правдата. Тоа треба да биде поука бидејќи потпишување договор за работа на такви лица, кои не се достојни за полиција, беше одлика на некое друго време“, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

По вчерашната произвика да понесе одговорност од опозициската ВМРО-ДПМНЕ утрово, рече,  побарал информации кога полицаецот Енвер Тоска бил примен на работа.

„Сакам да ги информирам дека Митко Чавков е вистинската адреса каде треба да се обратат. ВМРО-ДПМНЕ го примила тој полициски службеник на работа во македонската полиција. И наместо да повикуваат на одговорност кон некој друг, нека се завртат кон себе и нека седнат во онаа бела зграда направена од маката на граѓаните на Македонија и нека одговорат кои се тие луѓе што придонесоа да се срами - не само македонската полиција, туку и македонската држава“, истакна Спасовски во Сингелиќ, каде што претпладнево присуствуваше на отворање на Канцеларија за превенција. 

Рече дека и досега многупати зборувал за работи кои ја уривале довербата во македонската полиција и го валкале нејзиниот и угледот на државата, спомнувајќи го прислушувањето во УБК, упадот во Собранието и  најмногу од се, како што рече - начинот на кој беа примани кандидати за полициски службеници. Притоа нагласи дека вработен во полиција има поголема тежина од кој било друг вработен затоа што со униформата ја претставува државата. 

„Тоа значи дека треба да имаме и добри селекции, вистински правила кои треба да бидат испочитувани при прием во полиција“, нагласи министерот за внатрешни работи, упатувајќи порака дека докрај ќе ја имаат неговата поддршка сите чесни и одговорни полицајци, но секој кој ќе го прекрши законот и правилата на службата ќе понесе сериозна одговорност.

реклама

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more

Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

Read more

5 хороскопски знаци кои се родени за да се збогатат во животот

Read more

Македонија

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Read more

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Read more

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Read more

Спречен атентат врз Зеленски

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе