Чек дис аут

Спасување на птица замрзната за ограда

10. јануари 2017 - 19:57 | Б.С.Б.

Нелсон Вилсон од Колдвел, САД ги хранел коњите кога видел едно малечко врапче со замрзнати нозе на железна ограда, во близина на резервоар со вода. Како што вели Нелсон во објаснувањето на YouTube, изгледа птицата доека пиела вода ги намокрила нозете и останала замрзната на оградата.

Во Колдвел, Ајдахо температурите се под нулата и времето е многу студено, а Нелсон се обидел да и помогне на малечката птица со затоплување на дланките и со топлиот здив. За среќа, сè минало како што треба.

Loading the player...

 

Коментирај