Здравје

Спиењето во студена соба гo подобрува здравјето

5. септември 2019 - 14:36 | М.С.

Истражувањата покажуваат дека кога ќе се спушти температурата на телото заспиваме полесно, а тоа има придобивки за нашето здравје на повеќе начини, пренесува Viral Hatch.

Научниците препорачуваат да ја проветрите собата доколку имате проблеми со спиење.

Кога ќе се спушти температурата на телото, се смирува хормонот на стрес. Меѓутоа, уште една од бенефициите за нашето здравје е фактот дека оние кои сакаат да ослабнат, можат да постигнат подобри резултати доколку спијат во студена соба.

Освен што ќе заспиете побрзо, квалитетот на вашиот сон ќе се подобри. Нема да се будите препотени, ниту да имате потреба постојано да се откриват.

Одредени температури го стимулираат производството на мелатонин кој го зајакнува сонот, но влијае на хормонот за стареење. Кај жените помага за ублажување на менструалниот циклус, но и на расположението.

Со самото тоа што го намалува стресот, добриот сон го поправа расположението. Ќе се разбудите расположени и одморени, подготвени за нови предизвици.

Затоа, научниците препорачуваат да вклучите клима или да отворите прозорец пред спиење.

Коментирај