Дефанзивецот на италијанската репрезентација Леонардо Спинацола ќе биде надвор од терените околу седум месеци поради скината Ахилова тетива, објавија италијанските медиуми.
Фудбалерот беше сериозно повреден на четвртфиналниот натпревар на ЕУРО 2020 против Белгија (2:1).
Спинацола двапати беше прогласуван за најдобар играч на натпревар на ова првенство – на средбите против Турција и Австрија.
Полуфиналето на ЕП 2020 меѓу Италија и Шпанија ќе се одржи утревечер (6 јули) во Лондон.
Минатата сезона, 28-годишниот Спинацола одигра 39 натпревари за Рома, постигна 2 гола и направи 8 асистенции. Неговиот договор со римскиот клуб трае до 2024 година.