Пред само неколку месеци Бугарија потпиша договор за изградба на автодром крај Плевен, а тоа беше зачинето со договор за организација на гран при трка од светското мотоциклистичко првенство. Според тогаш објавените податоци, трката е планирана за 2012 година, а при неодамнешната посета на Ф1 Алманах на Турција дознавме дека патеката се уште не почнала да се гради.
Оттука, зачудува шпекулацијата дека делегација од Бугарија на претстојната трка за Големата награда на Германија ќе се сретне со Берни Еклстоун и ќе потпише договор за добивање на трка.
Агенцијата Фокус ја лиферуваше веста дека формална покана била добиена од страна на Еклстоун, како и дека се очекува потпишување на договор со кој оваа држава би добила трка од 2011 до 2015 година.
Целата вест тука.