На ранг листата за месец јули која денес ја објави ФИФА, фудбалската репрезентација на Македонија забележа скок од 11 места и сега се наоѓа на 53-то место.

За напредокот од 11 места на ранг листата на ФИФА највеќе е заслужна последната победа против репрезентацијата на Исланд, како и ремито со Норвешка во квалификационите натпревари за Светското првенство во 2010 година.
На врвот на ранг листата дојде до промена, па сега Шпанија е втора, а прв е Бразил.
Најдобар пласман Македонија имаше во октомври 2008 година, кога беше на 46-то место.