Милан и Fly Emirates потпишаа договор за спонзорство кој може да доведе до промена на врвот на клубот.

Екипата на Милан потпиша договор за спонзорство во период од четири години со авио компанијата Fly Emirates, во вредност од 60 милиони евра.
Сопственик на оваа компанија е шеикот Ахмед бин Саед Ал Мактоум, што предизвика шпекулации дека токму тој, со некоја примамлива понуда, би можел да стане нов сопственик на росоњерите.
Според договорот, за да стане главен спонзор на екипата Ал Мактоум е обврзан на клубот да му плаќа 15 милиони евра на годишно ниво, плус бонуси кои зависат од успехот на тимот во Лигата на Шампиони.
Од овој потег произлегоа шпекулациите дека Шеикот на овој начин, со понатамошни инвестиции, би можел да стане сопственик на 40% од акциите на Милан, кои моментално ги поседува Берлускони и неговата компанија Fininvest.
Во Милано ги демантираат овие гласини, но тоа не е доволно да сопрат муабетите во фудбалскиот свет. Кога е во прашање спонзорството, се претпоставува дека со првата уплата на Шеикот, еднонасочна карта за Милано ќе му биде уплатена на „босанскиот дијамант“, Един Џеко.
Б.И. | Кајгана