Тимот на Рено го комплетираше неделното попладне во Валенсија, одржувајќи ја втората промоција на нов болид од Формула 1. Покрај Заубер, Французите го претставија својот болид за 2010, затворајќи го првиот круг на промоции, со досега промовирани четири болиди.
Жолтата боја повторно е доминантна кај Рено, но овојпат црната е алтернатива за досегашната небесно сина, која во комбинација со жолтата беше заштитен знак на тимот по неговото враќање во Формула 1 во 2002 година. Доминацијата на насловниот спонзор, компанијата Тотал ја изразува црвената боја на предното и задното крило, дефинирајќи го првиот впечаток на новинарите - грд болид. Сепак, не секогаш боите на тимот ја отсликуваат силината на тимот, посветеноста и желбата за успех, па ова е случај и со Рено, кој во минатото покажал дека дури и аутсајдерската улога вешто ја претворал во триумф.
Целата вест тука.