Во синоќешните натпревари од НБА лигата, кошаркарите на Орландо на гости го совладаа Бостон со 96:89, додека Торонто на домашен терен беше поусшешен од Сакраменто со 115:104.
Со победата против Бостон, Орландо изби на второто место на табелата на Источната конференција.
Во Торонто, Сакраменто го доживеа шестиот последователен пораз, а најефикасен играч во тимот на поразените беше Кевин Мартин со 24 поени. Во победничкиот тим се истакна Крис Бош со 36 поени и 11 скокови.
Ова е седма последователна победа за Торонто на домашен терен.
Д.Л. | Кајгана