Францускиот Лион го елиминираше најскапиот тим на сите времиња од Лигата на шампиони. Синоќа во Мадрид, реванш натпреварот од осмина финалето заврши со резултат 1:1 (0:1).
Роналдо во 6-та минута постигна гол за водство на Реал, а израмнувачкиот гол за Лион го постигна репрезентативецот на Босна и Херцеговина Миралем Пјаниќ.
Првиот меч Лион на свој терен го доби со 1:0 и со синоќешното реми се пласира во четврт финалето од Лигата на шампиони.
Д.Л.