Францускиот репрезентативец Франк Рибери изјави дека ниту еден трансфер, со исклучок единствено на евентуален во Реал Мадрид не го интересира во летниот преоден рок.
"Сакам да заминам од Баерн, а единствениот клуб во кој би сакал да играм наредната сезона е Реал", изјави Рибери, кој во дресот на Баварците во минатите две години одигра 53 натпревари и постигна 20 голови.
Челниците на Баерн претходно соопштија дека Рибери не е на продажба.