Тојота, која е сопственик на патеката Фуџи во Јапонија, наводно сака да се повлече од натпреварувањето во Формула 1, а поради тоа е неизвесно и дали на оваа патека ќе се одржи трка наредната година.
На патеката Фуџи наредната година нема да се организира трка во Формула 1, пренесе новинската агенција Кјодо. Сопствениците на Тојота одбиваат да ги коментираат медиумските тврдења. Портпаролот на Тојота изјави дека компанијата и понатаму размислува за условите и можностите за организација на трка за Големата награда на Јапонија.
Светската економска криза тешко ја погоди Тојота, а компанијата очекува дека годинава ќе биде најлоша во историјата на нејзиното работење, па проценките се дека загубите ќе бидат околу 5,7 милијарди долари.
На патеката Фуџи во минатите две сезони се возеа трките за ГН на Јапонија, првпат по 30 години. До тогаш, трките се одржуваа на патеката Сузука, чиј сопственик е Хонда.