
Евроското кадетско-јуниорско првенство во Измир, штотуку донесе нов успех на каратистите од карате клубот Макпетрол кој партиципираат во репрезентацијата.
Тренерот на КК Макпетрол и селекторот на македонската карате репрезентација Бошко Заборски преку соопштение не извести дека клубот кој досега ги донесе титулите на европската вицешампионка во сениорска конкуренција како и универзитетската шампионка, овојпат освои уште една медала, бронзена за Наташа Стефановска.

Таа во најтешката возрасна категорија на ова првенство, направи победи над одличните каратистки од репрезентациите на Данска, Франција кои важат за едни од најсилните во Европа. Во полуфиналната борба загуби од репрезентативката на Словачка со 1:0 , што ја однесе во репасаж во кој ја победи норвежанката и стигна до медал за македонската репрезентација.
Клубот Макпетрол, како еден од најсилните во државата, на ова ЕП за јуниори-кадети преку своите репрезентативци стигна до едно петто место за Симона Заборска и два пласмани на седмо место за Кристина Крстевска и Моника Стефановска.
Д.Л. | Кајгана