Фудбалерите на Спортинг од Лисабон вторпат во последните три години ја освоија титулата во Португалија.
Екипата од Лисабон на две кола пред крајот на првенството има недостижни 8 бода повеќе од Бенфика која во неделата вечерта беше поразена на гостувањето кај Фамалисаун со 2:0.
Спортинг го одработи својот дел во саботата со победата од 3:0 против Портимуненсе, а Фамалисаун потоа направи преостанатите две кола да бидат формалност во борбата за титулата.
Клубот од Лисабон го освои 20-тиот шампионски пехар и се наоѓа на третото место на вечната листа зад Бенфика (38) и Порто (30).
Табела: