Регион

Србија официјално побара екстрадиција на Харадинај

10. јануари 2017 - 20:45 | Макфакс

Србија упати официјално барање до француското правосудство за предавање на поранешниот косовски премиер и сегашен челник на опозицијата, Рамуш Харадинај, уапсен минатата седмица на француска територија по меѓународна потерница издадена од властите во Белград, кои го товарат за воени злосторства извршени во текот на судирот меѓу албанските герилци и српските безбедносни сили во 1998/1999 година во поранешната српска јужна покраина Косово и Метохија.

Како што беше соопштено во Белград за екстрадицијата на Рамиш Харадинај, српското министерство за правда испратило и соодветна документација, врз основа на којашто француските правосудни власти ќе одлучуваат за предавањето на косовскиот политичар.

Србија еден од поранешните команданти на Ослободителната војска на Косово (ОВК – UCK), поранешен премиери и челник на партијата Алијанса за иднината на Косово (ААК), го бара поради сомневање дека во 1998 и во 1999 година извршил воени злосторства врз цивили кои не биле опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал по кое Харадинај е правосилно ослободен.

Станува збор за воени злосторства против цивили во ткн зона на одговорност Дукаѓини во 1998 и 1999-та во областа на Дечани во 1998 година, а обвинети беа Идриз Баљај и Љах Браимај. Обвинителите на Трибуналот бараа казна од најмалку 20 години затвор, а на крајот од првото судење Харадинај и Баљај во 2008 година беа ослободени од вината, а Браимај беше осуден на шест години затвор.

Повторното судење на Харадинај и обвинетите започна во август 2001 година, а по една година беа ослободени од вината, и Харадинај и двата негови соработници од ОВК. Во текот на овој судски процес неколку сведоци беа убиени или настрадале во неразјаснети несреќи на Косово или во странство.

Српското обвинителство против Харадинај поднесе 108 кривични пријави, во кои е осомничен за тероризам, здружување поради непријателска дејност и убивање цивили.

Харадинај на 4 јануари беше уапсен на францускиот аеродром Базел-Мулуз-Фрајбург откако долетал од Приштина, патувајќи со дипломатски пасош. Познатиот белградски адвокат со Тома Фила тврди дека „Србија бара предавање на Рамуш Харадинај за нови дела кои не биле опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал и за тоа има докази“.

Коментирај