Српска манекенка претепана од дечкото во Истанбул: Го молев да престане, но продолжуваше да ме удира каде стигне

Турски и српски медиуми ја пренесоа веста дека српската манекенка Тања Ѓукиќ пријавила дека била жртва на насилство од дечкото Чагри Тортоп, турски државјанин со кој била во врска две години и живееле заедно.

Насилникот седум часа се изживувал со неа во нивниот заеднички стан во Истанбул, а мотив за свирепиот напад наводно била неговата патолошка љубомора.

Турските медиуми објавија фотографии од претепаната Србинка која има видливи модринки и подливи по главата и целото тело. Ѓукиќ сама го пријавила случајот во полиција.

„Бев претепана на 2 јуни, по расправија што почна околу 20 часот. Дечкото ме пречека со автомобил откако завршив едно снимање и откако влегов внатре почна расправијата предизвикана од неговата љубомора. Откако стигнавме во станот, расправијата продолжи, но набрзо кулминираше со ѕверски тупаници и клоци. Го молев да престане, но не ме слушаше, продолжуваше да ме удира каде стигне“, стои во нејзината изјава.

Таа додава дека паднала во бесознание од ударите и подоцна од модринките сфатила дека тој продолжил да ја тепа и откако се онесвестила.

„Потоа, истепана и помодрена, ме одвлече до спалната соба и таму ме заклучи. Трпев болки, бев гладна и жедна. Ми се закануваше дека ќе ме избоди со нож ако се обидам да излезам. Дури следниот ден околу 10 часот ми ја отвори вратата и тогаш успеав да побегнам од станот и да го пријавам во полиција“, раскажува Ѓукиќ која исказот во полиција го давала во присуство на преведувач.

Таа раскажува дека успеала да го убеди насилникот дека нема да го пријави, како што не го пријавувала и претходните пати кога ја тепал, само да заборават и да излезат надвор.

Кога конечно се согласил, таа ставила очила за сонце и веднаш штом ја отворил вратата, побегнала и се јавила во полиција од најблиското кафуле.

Нејзините родители дошле од Србија за да ја земат, а насилникот уште не е приведен во полиција.

Во Србија е згрижена од Дирекцијата за јавна безбедност како жртва на семејно насилство.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Регион

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Read more

Трет ден се трага по Данка, се проверуваат телефоните на родителите

Read more

Исчезна двегодишно девојче во Србија, активиран е системот „Најди ме“

Read more

Српската опозиција објави некролог за Вучиќ

Read more
 

Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Читај повеќе

Без струја дел од Карпош

Читај повеќе

Сончево и топло време со температура до 27 степени

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна дупка во Рим проголта два автомобила

Читај повеќе

Госпоѓиците од Авињон на сцената на Националната опера и балет

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот

Читај повеќе