Понеделник, 22.09.2008
Раперот конечно излезе во јавност и потврди дека работи на новиот материјал, кој Фифти Сент го најавува како нешто најдобро што може да се чуе.
Веќе неколку блиски соработници го најавија неговото враќање со нов албум, кој ќе биде прв по компилацијата на хитови Curtain Call од 2005 година, а сега ова го потврди и самиот Еминем.
На својата радио станица Shade 45, Еминем откри дека го финализира материјалот за шестиот студиски албум. Претходно, минатата недела неговото враќање го најави и Фифти Сент.
"Кога ќе се врати, сигурно ќе го завземе повторно и местото на рап уметник број еден. Имав можност да го чујам материјалот и апсолутно сум сигурен дека е подобар од се што може моментално да се чуе", изјави Фифти Сент.