Вторник, 30.09.2008
Тринаесет години долгата нетрпеливост заврши. Првиот потег на мирот го повлече Ноел Галагер со признанието дека и самиот тој е обожавател на Блур.

Бендовите "влегоа во војна" во 1995 година, кога на ист ден им излегоа сингловите Roll With It на Oејзис и Country House на Блур. Медиумите борбата за првото место на британската поп листа на двата синглови ја нарекоа "битката на брит попот", а заврши со пораз на Оејзис, кои имаа 60.000 продадени примероци помалку.
Потоа, започна медиумско препукување на бендовите, вклучувајќи ја и изјавата на Ноел Галагер кој рече дека се надева дека момците од Блур ќе навлечат сида (поради ова подоцна се извини).
Тринаесет години подоцна, Ноел Галагер одлучи да ја прекине војната и призна дека е обожавател на Блур, а како посебно извонредна ја одвои нивната песна Beetlebum.
Галагер го потврди и продолжението на нивната светска турнеа, која беше привремено прекината откако го нападна разулавен обожавател на сцената во Торонто.
На 6-ти октомври излегува и седмиот студиски албум на Оејзис наречен Dig Out Your Soul, а спотот за првиот сингл The Shock of the Lightning веќе е објавен на нивната веб страна. Погледнете го: