Среда, 01.10.2008
Лекарите во Австралија се соочуваат со проблем за кој никогаш претходно не слушнале. Една пациентка од Мелбурн три дена гледа нормално, а потоа три дена воопшто не може да ги отвори очите.
"Таа е навистина единствен случај и немаме никаква дијагноза", вели Џастин О'Џеј од очната болница Ројал Викторија. Дваесетгодишната Натали Адлер вели дека со ова пореметување живее од нејзината 17-та година.
"Очите ми се три дена затворени, а потоа три дена отворени. Некогаш ми се случува во текот на ноќта кога одам на спиење да гледам нормално, а наутро да не можам да ги отворам очите", вели Натали.
Натали до сега прошла низ бројни медицински тестови, но безуспешно. Нејзинит живот драматично се променил додека била во средно училиште:
"Се разбудив едно утро и очите ми беа натечени. Лекарите тогаш ми рекоа дека се отечени поради бактериска инфекција на синусите", вели Натали и додава дека од тогаш никогаш не и се вратил нормалниот вид, а нејзините очи почнале да се затвораат неочекувано. По неколку недели, Натали почнала да го губи видот на секои три дена.