Среда, 01.10.2008
Nintendo планира до крајот на годинава на пазарот да го лансира новиот модел на преносливата конзола за играње DS, збогатена со камера, софтвер за музика и Wi-Fi конективност, која ќе чини помалку од 185 долари.

Портпаролот на Nintendo Јасухиро Минагава изјави дека компанијата "секогаш се обидува да ги изненади гејмерите и да да го прошири пазарот на игри", но не откри повеќе технички детали поврзани со новиот модел на играчката конзола.
DS конзолата одлично се продава, а ова го потврдува податокот дека до сега се продадени 80 милиони парчиња низ светот, а очекувањата се дека ќе ја надмине и бројката од 100 милиони.
Меѓутоа, во Јапонија, DS се продава послабо од преносниот PSP.