Шоубизнис

» поопширно



Плавушите се забавуваат, бринетите заработуваат

Среда, 01.10.2008

Бојата на косата не е само моден тренд, тврдат научниците од Велика Британија. По истражувањето спроведено на три илјади жени, научниците дојдоа до прилично интересни заклучоци.

Плавушите не само што подобро се забавуваат, туку имаат и повеќе самодоверба од бринетите. Полесно им приоѓаат на мажите кои им се допаѓаат и не им е проблем да побараат покачување на платата од шефот. Поточно, на жените животот им се менува кога ќе станат плавуши.

Самодовербата на работното место и во љубовта се главни карактеристики на плавушите, без разлика дали се фарбани или природни, покажува истражувањето на Универзитетот во Нотингем.

Во испитувањето на промените во однесувањето забележана е битна промена - жените кои ќе се офарбаат и ќе станат плавуши почесто се жалат на неправди, ги земаат работите во свои раце...

"Промените кои ги забележавме кај учесничките во истражувањето беа значајни. Не само што им порасна самодовербата и им се промени расположението, туку им се намалија и инхибициите па се чувствуваа попривлечно и сексуално повозбудливи", вели Д-р. Марк Сергент.

Истражувањето исто така покажува дека и на бринетите бојата на косата им оди во полза, бидејќи освен што заработуваат во просек 4.250 фунти годишно повеќе од плавуѓите, имаат и поголеми шанси да се омажат за милионери, со обзир на тоа што две третини од сопругите на најбогатите мажи на светот се токму бринети.

http://kajgana.com/statija_3185.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com