Шоубизнис

» поопширно



ХИВ вирусот постои од 19 век?

Четврток, 02.10.2008

Смртоносниот вирус почнал да се шири на границата помеѓу 1884 и 1924 година во субсахарска Африка, кога се создале модерните градови во регионот, сметаат американските научници.

Претходните проценки на научниците беа дека ХИВ вирусот се создал околу 1930 година, но Мајкл Воробеј од Универзитетот Ариозна смета дека пренесувањето на ХИВ вирусот почнало помеѓу 1884 и 1924 година. Истражувањето е базирано на примерок од 48 години стар ген од една жена од Киншаса. Станува збор за еден од најстарите примероци на гени на ХИВ-1 од групата М, кој е одговорен за ширењето на сидата. Најстариот ген е од 1959 година и станува збор за примерок од крвта на еден маж, исто така од Киншаса.

"Кога имате два примероци, тогаш можете да ги споредите. Кога ќе го направите тоа, ќе видите дека тие многу се разликуваат. Тоа значи дека вирусот таму постоел долг временски период", изјави Воробеј за "Nature".

Споредувајќи ги тие два примероци со останатите примероци на HIV-1, научниците направиле семејни стебла за овој тип на вирус. На основа на тоа, можеле да го утврдат времето на создавање на вирусот, а според нивните проценки , тоа било околу 1904 година, плус - минус 20 години.

Истражувањата извршени на шимпанза покажаа дека вирусот почнал од овие животни да се шири на луѓето во југоисточниот дел на Камерун. Воробеј смета дека болеста се ширела полека помеѓу локалното население, се додека еден од заразените не отпатувал во Киншаса каде го пренел вирусот.

Според научникот, неколку илјади луѓе биле заразени со ХИВ до 1960 година, а од 1981 година светот препознава пандемија. Од ХИВ моментално се инфицирани 33 милиони луѓе, а од сида досега умреле 25 милиони.

http://kajgana.com/statija_3210.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com