Шоубизнис

» поопширно



Збогум перики

Петок, 03.10.2008

Со новите и поедноставни правила на облекување, главите на британските судии и адвокати конечно ќе можат да се излуфтираат, а вековната традиција на носење бели перики изработени од коњско влакно заминува во историјата.

Како што пренесуваат британските медиуми, за судиите кои се занимаваат со казнено право правилото сеуште ќе важи, а оние кои се занимаваат со граѓанско и семејно право, на судењата ќе можат да доаѓаат без перики.

На ваквата промена британските судии чекаат одамна. По долгата расправа која претходеше на одлуката, врховниот судија - Лодрот Филипс донесе одредба за модернизирање на судовите. Сепак, одлуката ги подели ставовите на судиите - некои од нив се противат на одлуката, бидејќи периките се заштитен знак на британското правосудство уште од 17-ти век.

http://kajgana.com/statija_3243.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com