Петок, 03.10.2008
Во изминатите две години, најчесто краден прехрамбен производ во продавниците низ Италија е пармезанот. Да се дрпне пармезан е толку "популарно", што дури едно од десет парчиња oд полиците исчезнувале без да се платат.
Пармезанот е најчесто краден прехрамбен производ во Италија, а трет од сите групи на производи кои Италијанците ги крадат. Пред него, на прво место се жилетите за бричење (22%) и тонерите за принтер (15%).
Освен што е најчесто краден прехрамбен производ, пармезанот е и најфалсификуван италијански прехрамбен производ. Вистинскиот италијански пармезан се произведува од сирово крајво млеко и се остава да зрее најмалку една година.