Понеделник, 06.10.2008
Градежната компанија "Nakhel" соопшти дека планира во Дубаи да изгради облакодер со висина поголема од еден километар, со што ќе биде соборен светскиот рекорд кој веќе го држи овој град во Обединетите Арапски Емирати.

Султанот Ахмед бин Сулаим, претседателот на холдинг компанијата "Dubai World" изјави дека ова ќе биде единствен проект во кој на површина од 270 хектари ќе биде изграден целосно нов град, во чие средиште ќе биде зграда висока околу 1 километар.
Според неговите зборови, проектот би требало да биде завршен до 2020 година.
Во Дубаи моментално се гради најголемата зграда на светот "Бурџ Дубаи" која моментално е висока 688 метри и има 160 спратови. Нејзината конечна висина сеуште не е позната, бидејќи градежниците не сакаат да го откријат овој податок, за конкуренцијата да не го собори рекордот.