Медијаторот Метју Нимиц на претставниците на Грција и на Македонија утре и задутре во Њујорк ќе им го достави конечниот предлог за решавање на спорот за името, што најверојатно ќе се базира на називот „Северна Македонија“, пишува денеска грчкиот весник „То Вима“.
"Грчки дипломати сметаат дека новиот предлог ќе биде близок до позицијата на Атина, но оти нема целосно да ги исполни нејзините желби во врска со опфатот на употреба на името и за пасошите. Тоа може да доведе до второ грчко вето за Скопје во декември, по она во Букурешт за НАТО, овојпат при донесувањето на одлуката дали на ПЈРМ да и се одреди термин за почеток на преговорите за интеграција во ЕУ", наведува „То Вима“.