Шоубизнис

» поопширно



Се што не сте знаеле за љубовта и привлечноста

Понеделник, 06.09.2008

Дали сте знаеле дека повеќето луѓе се навалуваат на десно додека се бакнуваат, дека паѓаме на личност кои личат на нас, дека љубовта не прави опсесивни, слепи, ни и повеќе стресни? Сето ова го потврдуваат и научниците, кои не можеа да одолеат на нагонот рационално да ја анализираат мистеријата на љубовта.

Ни се допаѓаат личности кои личат на нас
Се чини дека сите имаме нешто заедничко со Нарцисот, митското суштетство кое било заљубено во сопствениот одраз. Научниците тврдат дека нашиот мозок симпатизира лица кои ни се слични, или пак лица кои личат на некој од потесното семејство.

Директниот поглед е најважен
Жената која ќе влезе во просторијата, мажите ќе ја сметаат за попривлечна доколку им возврати директен поглед. Ова го потврдува и истражувањето во кое машките испитаници набљудувале на екран женски лица кои гледале директно во нив и негде на страна. Излегло дека жените кои гледале на страна им биле помалку привлечни.

Од ова, научниците заклучиле дека директниот женски поглед делува возбудувачки, но и дека нашите доживувања претежно се под влијание на невербална комуникација, како што е погледот. затоа дами, кога ќе видите некој згоден дечко, не го тргајте погледот. Шансите ви се далеку поголеми доколку го гледате директно во очи.

Првите моменти се пресудни
И мажите и жените често знаат да кажат дека нивниот идеален партнер мора да биде духовит, шармантен, згоден, успешен и слично. Фактот е дека многу брзо знаеме дали сме заинтересирани за некоја личност, а притоа не ни треба да поминеме одредено време за неа. Кога ќе го/ја видиме, веднаш знаеме дали ни се допаѓа или не, и тоа само на основа на физичкиот изглед. И двата пола ја оценуваат потенцијалната компатибилност веќе во првите моменти на контактот, при што на нивниот впечаток највеќе влијае возраста, висината и привлечноста.

Заводнички глас
Кога разговарате со потенцијален партнер, обрнете внимание на тонот на неговиот глас. Секси заводнички гласови имаат личностите кои почнале да се сексаат во раната младост, а овие имале и повеќе сексуални партнери. Значи, кога ќе чуете привлечен глас, присетете се дека таа личност можеби има бурно сексуално минато.

Неверството е во гените
Некои научници тврдат дека неверството е запишано во гените. Склоноста кон верност е карактерна особина, а на неа освен самите гени можат да влијаат и општествените фактори.

Љубовта создава стрес
Познато е дека љубовта предизвикува пад на нивото на серотонинот во мозокот па стануваме обземени од новиот партнер. Ова води до дивеење на хормонот на стресот кортизол, поради што се зголемува крвниот притисок. Се на се, заклучокот е дека љубовта не прави посесивни, слепи и создава стрес, но за чудо - кога сме заљубени, ова воопшто не ни пречи.

Зошто љубовта боли
Според психолозите, психолошката болка поради раскинувањето еднакво боли како и вистинска физичка повреда. Деловите во мозокот кои одговараат на дразбата на физичката болка се активираат и кога личноста преживува психичка болка. На пример, кога ќе добие "нога".

Бакнеж на вистински начин
Знаете ли дека луѓето најчесто ја навалуваат главата на десна страна кога се бакнуваат?

http://kajgana.com/statija_3268.html

На базен Eva Wyrwal

QWOP Offroad Madness Small Arms
Super Stacker Draw Play Light Bot

Отидов да копирам Летечки скејтер Џереми Кларксон vs. Грција
У Квантички :) Автомобилот е гаражиран Терор на бензинска станица
© 2005-2008 Kajgana.com