» поопширно

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

You are missing some Flash content that should appear here! Perhaps your browser cannot display it, or maybe it did not initialise correctly.

Највлијателните игри на сите времиња

29.10.2008 | Софтвер

Среда, 29.10.2008

Тешко е да се направи рангирање на најдобрите игри поради субјективното гледање на квалитетот, но затоа без проблем може да се каже кои игри го сменија начинот на кој гледаме на гејмерската индустрија.

1. Pacman
Стара, легендарна и вонвременска игра. Ова дефинитивно е Pacman. Веруваме дека не постои играчка платформа, мобилен телефон или било каков електронски уред кој поддржува некој облик на игра, а дека за него не постои некој облик на Pacman. Легендарниот "жолтко" и неговата жена годинава слават 29 години постоење.

2. Tetris
Уште една игра без која едноставно ни една "листа на најдобри" не може да пројде. Тешко дека постои некој кој барем еднаш не си поиграл тетрис. Приказната од времето на ладната војна вели дека тетрисот настанал во Русија, во средината на осумдесеттите и дека авторот го "прокриумчил" од СССР на запад, кој со двете раце ја прифатил новата зараза.

3. Серијалот Grand Theft Auto
Една од вистински ретките игри кои повеќе од еднаш добиле оценка 10/10 во многу медиуми. Контроверзен, насилен, нехуман, луд - ова се епитетите кои го красат GTA. Без обзир на прашината која ја дигна, се работи за една од најдобрите акциони игри на сите времиња. Иновацијата и туркањето на комплетната играчка индустрија напред е исто така нешто што ја карактеризира GTA веќе со години и ги тера другите игри безуспешно да копираат.

4. Серијалот Alone in the Dark
Првата "пуцаљка" од трето лице се појави во далечната 1992 година и остави значајно влијание на играчката индустрија. Многу игри  се создадоа на темел на ова игра, која ги втемели патеките на модерните пукачки игри. Во улогата на истражувачот на паранормални појави полека се пробивате низ проколнната куќа внимавајќи во сачмарката секогаш да имате доволно муниција.

5. Серијалот Sims
Десетици милиони луѓе очигледно не може да грешат доколку се константно подготвени да трошат пари на играта и да купуваат нови пакови. Sims 3 излегува во 2009-та. Влијанието на Sims на пазарот на видеоигри е навистина преголемо.

6. Серијалот Civilization
7. Серијалот Homeworld
8. World of Warcraft
9. Серијалот Command & Conquer
10. Серијалот Half-Life
11. Серијалот Call of Duty
12. Quake
13. Legend of Zelda
14. Maniac Mansion: Day of the Tentacle
15. Leisure Suit Larry: Love For Sail
16. Pirates!
17. Halo
18. Ski or Die
19. Mafia
20. Серијалот Tony Hawk’s Pro Skater

Kajgana.com
Македонија
30.07.2010 | 16:02

Градот Скопје ги известува граѓаните дека претстојниот викенд ќе изврши авионска и терестична дезинсекција, против возрасни комарци на поширокото градско подрачје...

Kajgana.com
30.07.2010 | 18:13

Барса во рамките на подготовките за новата сезона одигра пријателски натпревар со моментално второпласираната екипа во Норвешка, кој беше прекинат на кратко поради владеењето на силата на љубовта :)

Backstage

Kajgana.com | http://kajgana.com

Галичка свадба 2010

Традиционалната манифестација Галичка свадба одржана по 47-ми пат во село Галичник, Мавровско. Младоженците оваа година беа Љупка Талеска и Филип Шотароски. Одиме на прошетка низ фотографии?

Kajgana.com | http://kajgana.com

Врело низ фотографии

Пештерата Врело е лоцирана во кањонот Матка и е систем од две (надводна и подводна) пештери, а се смета како една од најдлабоките во Европа и светот. Одиме на фото прошетка?

Kajgana.com

Холандија има талентиште

Сузан Бојл и Пол Потс ги знаете доволно добро, откако почнаа да ви излегуваат од фрижидер и да ви урлаат севдалинки, ама признајте, одамна атмосферата во кујна ви е тивка. Епа, време е да се запознаете со Мартин Хуркенс (32) пекар...

Kajgana.com

King O е цар

Дека внатрешноста е поважна од изгледот покажува и папагалот King O на кој можеби му фали “по некоe“ пердувче, ама затоа со карактерот целосно надоместува. Еве зошто за оваа посебна, распеана и разденсана птица беше...

Kajgana.com

Белците можат да скокаат

Светското фудбалско првенство заврши, кошаркарското е пред почеток, па во паузата за да не ви е досадно имаме предлог спорт за вас за кој до денес не ни знаевме дека постои, а камо ли дека е и атрактивен!

Kajgana.com

Пар-Кинг

Господинов доаѓа од Нов Зеланд, го сруши рекордот во екстремно паркирање, но ние би му ги направиле сите метании и почести само ако успее да излезе од паркинг местото. Инаку, џабе паркирањето :)

Kajgana.com

Не се секирај, мама е тука

Наместо да се обидеме со придавки да ја опишеме грижата на мајката и да наликуваме на клише за состав по македонски јазик од петто одделение, ќе оставиме видеото само да ја покаже силината на мајчиниот инстинкт...

Kajgana.com

Фудбалче на гооолеми голови

Секоја година во Ашбоурн, Англија се одржува најголемиот, најстариот и најбизарниот фудбалски натпревар во светот. Во играта учествува целиот град, а головите се оддалечени 5 километри...

Kajgana.com

Puzzles of Gemland

Одамна не сме играле некоја загадочна игра, па време е малку да го ставиме мозокот во функција. Секое ниво има посебна задача, следете ги инструкциите пред почетокот.

Kajgana.com

Bike Mania Arena

За разлика од претходните верзии, за да ги совладате патеките на оваа игра ќе треба да вложите малку повеќе труд и трпение. Досадно на работа? Сакате да се испробате?

Kajgana.com

Болва

Игрица од типот на Супер Марио, во која главна цел е да ги соберете паричките и да стигнете до крајот на нивото. Команди: Користете ги стрелките за движење, SPACE за скок.

Kajgana.com

Beach Skill Soccer

Добра игрица која со задоволство може да ја "плескате" додека чекате да почне следниот натпревар од Светското првенство. Жонглирајте и држете го фудбалот во воздух. Команди: Користете ги стрелките на тастатурата.

Kajgana.com

Војна на паразитите

Целта на играта е да ја раширите вашата колонија на паразити на сите клетки и со тоа да го совладате противничкиот паразит. Колку етапи ќе успеете да доминирате? Бирајте мудро. Команди: Кликни и повлечи.

Kajgana.com

The Slob

Испробајте ги вашите способности за трчање и скокање во психоделичниот вонземски свет исполнет со чудни билки и други креации. Не е битно дали ви е јасна приказната, битно - завршете ја лизгавата патека до крај...

© 2005-2010 Kajgana Media