Шоубизнис

» поопширно



Најлуксузната хотелска соба на светот

Понеделник, 17.11.2008
Илија Шулев

Творците на луксузот со секој свој чекор се поблиску до зоната на непоимливите понуди кои за разгалените богаташи се само обично секојдневие.

Така, хотелскиот апартман Ty Warner Penthouse на 52-от кат во њујоршкиот хотел Four Seasons, за цена повисока од 17.832 долари за една ноќ нуди и повеќе од тоа што можете да искористите за 24 часа.

Значи за 1.372 долари на час можете да уживате во апартман за седум лица чиј дизајн го потпишуваат легендарните архитекти I. M. Pei, Peter Marino и сопственикот на хотелот Ty Warner.

Стаклените балкони и ѕидови ви овозможуваат панорамски поглед од 360 степени кон Централ парк и целиот Менхетен. Доколку сакате да побегнете од гужвата и бучавата на светската метропола можете да се опуштите во сопствената спа-зона и зен-градината.

На располагање ви е споствен тренер, како и приватна библиотека со понуда од 1.000 книги. Доколку сепак посакате да го напуштите луксузното прибежиште со грејачи во подовите, со приватниот лифт можете да се спуштите пред хотелот каде ве чека Ролс Ројс, Фантом или Мерцедес Мајбах.

И додека го очекувате погодокот на лото кој ќе ви овозможи барем една ноќ во оваа убавина, уживајте во фотогалеријата на хотелскта соба од Рајот на Земјата.

http://kajgana.com/statija_4022.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com