Шоубизнис

» поопширно



Укинување на зоолошките градини

Организација за заштита на правата на животните бара од Европската Унија да донесе закон со кој ќе ги укине зоолошките градини во ЕУ и ќе ги зашити животните од маките кои ги снаоѓаат таму.


 
ЕНДКАП е невладина организација која се бори за подобри услови на животните кои се дел од зоолошките градини (или затвори, ако се прашуваат ЕНДКАП) низ цела Европа. Организацијата својот план го предаде на Европскиот Парламент со кој во земјите членки на унијата се предвидува укинување на зоолошките градини и ослободување на животните од кафезите.

Организацијата ја брани својата иницијатива со теза дека животните по ЗОО градините се присилени да ја забавуваат публиката, се злоупотребувани и понекогаш живеат во невозможни услови (поздрав до мајмунчето Коко од Скопската ЗОО градина, доколку има пристап до интернет во психијатриската клиника во Холандија, каде се лечи од депресија).

'Животните во зоолошките градини започнуваат да развиваат некој вид на абнормално однесување - ги корнат своите влакна, дури понекогаш и мускулите, фрустрирани поради околината во која живеат' - изјави Дениел Тарнер, член на ЕНДКАП.

Од друга страна, управителите на зоолошките градини се бранат говорејќи дека тие се важни да постојат од едукативни причини: "Мораме да го обезбедиме опстанокот на различните видови, а притоа и на луѓето да им укажеме што се креирала природата. Затоа, мора да имаме посетители во ЗОО градините, како одблиску би ги виделе животните, кои се помалку или повеќе претставници на својот род од дивината".

Целта на ЕНДКАП е да се затворат сите зоолошки градини низ Eвропа, но пред тоа мора да ги убедат 27-те  држави членки на ЕУ да го гледаат проблемот низ нивните очи. Доколку некој од вас во последно време ги посетил нашите зоолошки градини и сеуште мисли дека имаме лавови, тигри, пуми и леопарди во нив - тогаш, во ред, нема да речам: "Донесете ги европарламентарците кај нас, репрезентативен пример сме за она што сакате да им го покажете!".

http://kajgana.com/statija_4034.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com