Вторник, 18.11.2008
Новата биографија за Френк Синатра открива како легендарниот пејач и актер дури два пати се обидел да изврши самоубиство поради турбулентната љубов со актерската дива Ава Гарднер. Очигледно, женската беља може да влијае и на фраери како легендарниот Френсис Алберт Синатра.
Во 1951 година, тогаш 35-годишниот Синатра стапил во вториот од вкупно четирите свои бракови со 29-годишната Ава Гарднер.
Во новата биографија за Синатра, која излегува овој месец, авторот Том Сантопјетро тврди дека холивудската легенда се обидел да си нанесе зло пресекувајќи си ги вените во станот на еден свој пријател во ЊуЈорк во 1953 година, и дека животот му бил спасен токму поради прераното и неочекувано враќање на неговиот пријател во станот.
А првиот обид за самоубиство според Санпјетро датира една година порано, откако по една голема караница со Ава, Френк одлучил да си ги "скрати макте" и се обидел да се задуши со испуштање на плин, повторно во стан на еден свој пријател.
Во книгата уште се коментира дека Ава Гарднер имала два абортуси за време на нивниот брак, без консултација со Синатра, бидејќи како што изјавила "нормалниот начин на живот за одгледување на деца со него бил - невозможен".
Познатиот пар се разведе во 1957 година, а животот на Синатра згасна 41 година подоцна, од природна смрт.