Шоубизнис

» поопширно



Почина Бранко Гапо

На 77 години денеска почина македонскиот филмски режисер Бранко Гапо кој остави богат опус во македонската кинематографија со шест играни филмови - „Денови на искушение“ (1965), „Истрел“ (1972), „Време без војна“ (1969), „Најдолгиот пат“ (1976), „Време, води“ (1980) и „Македонска сага“ (1993).

Гапо ќе биде погребан в четврток, 20 ноември, во 12 часот, а истиот ден во 10 часот во Кинотека на Македонија ќе биде одржана комеморативна седница, во организација на Кинотеката и Друштвото на филсмки работници на Македонија.

Бранко Гапо е роден на 5 јули 1931 година во Тетово. Во училишните денови почнал аматерски да се занимава со филм, а професионално со филмот се врзува на почетокот на 50-тите години кога дебитира со прилози во Филмските прегледи на „Вардар филм“. Во 1953 година го реализира својот прв документарец „Мугри во полињата“, а три години подоцна се појавува со документарецот „Птиците доаѓаат“. Документаристичкиот опус на Бранко Гапо има повеќе од 40 филмови, а меѓу нив особено се издвојуваат „Патем“ (1966), „Лето Господово 67“ (1967), „По пат одам за пат прашам“ (1968), „Амен Сиам бут Рома“ (1976), „Козите... и друго по 10 години“ (1976), „Лето Господово 77“ (1978).

Асистирал и на играни проекти кај режисерите Димитрие Османли, Франце Штиглиц, а од особено значење за неговиот подоцнежен ангажман во играниот филм е соработката со светски познатите синеасти Абел Ганс н Вилијам Дитерле. Во периодот 1961 - 1964 година Бранко Гапо во повеќе наврати има студиски престои во Париз каде што во Француската кинотека и во познатите париски студија ги дооформува своите знаења за филмската уметност. Работејќи практично со документарната филмска материја, во 50-тите и 60-тите години Гапо паралелно се занимаваше и со филмска критика, објавувајќи рецензии, коментари, осврти и анализи во дневниот печат и во специјализираните списанија за уметност.

http://kajgana.com/statija_4068.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com