Шоубизнис

» поопширно



Откриен лек со погрешно упатство за употреба

Скандалозно и неодговорно препишување на упатствата за странски лекови во земјата. Дистрибутер на едно лековито помошно средство за имунитет од словенечки производител во упатството препорачува дека можат да го пијат и деца од една до 6 години, а во оригиналното таа возрасна група ја нема.

Препаратот содржи 20 посто алкохол и не се препорачува кај неколку заболувања. За ваквото поигрување со здравјето на најмладата популација веднаш реагираше и Бирото за лекови, откако кај нив вчера се пожалил еден скопјанец кој лекот го купил за двегодишно дете.

Ова било доволно за изрекување прва казна за производител на лекови во случајот дистрибутер. Директорот на Бирото за Сител изјави дека поднеле прекршочна пријава, а судот ќе одлучи дали ќе платат 25 или 50 илјади евра. Дистрибутерот не постапил согласно обновата на одобрената регистрација на лекот од 2005 година. Во текот на вчерашниот ден инспектори од Бирото за лекови направиле целосен увид кај дистрибутерот проверувајќи ги и магацинските простории каде е чуван препаратот.

- Даден е налог и решение да ги повлечат сите количини од сите аптеки во земјава и тоа на нивни трошок. Тие всушност не го прилагодиле упатството согласно она што е дефинирано - вели Илчо Захариев директор на Бирото за лекови.

Скопјанецот загрижен пред се за здравјето на своето дете но и тоа да не им се случи и на други родители случајот го пријавил и во организацијата на потрошувачи. Оттаму за Сител изјавија дека ќе побараат Бирото за лекови да ги преземе сите мерки но и да проверат дали има и други лекови со неусогласени упатства.

- Овде веќе нема импровизации, граѓаните мора да бидат почитувани и да добиваат квалитетни, ефикасни и безбедни препарати, вели Захариев.

Од причина што бил изманипулиран, иако препаратот не е скап и чини околу 170 денари, скопјанецот преку организацијата на потрошувачи бара враќање на парите од дистрибутерот на лекот.

http://kajgana.com/statija_4074.html

Ало, пожарна? Holly Madison

Downhill Snowboard Ragdoll Volleyball BucketBall
Frustration Xmas Contrast Cannon Mario Combat

Статуа, ништо повеќе Час по гимнастика Стоп!
Плачот на мисирките Петер Солберг се посрамоти Time Warp: прст vs. пила

Powered by telefoni.com.mk

© 2005-2008 Kajgana.com