
Се чини дека ништо не може да застане на патот на интернет гигантот Google. Дури ни оваа кутра срна, која настрада од едно фотографско комбе на Google Maps.
Најбизарното е тоа што фотографиите од несреќата беа објавени на Google Street View, исто како ништо да не се случило. Фотографиите од улицата на која комбето ја удира срната до скоро можеа да се видат тука, но поради бројните поплаки од денес се отстранети.
Официјалното објаснување на Венди Ванг, менаџер на Street View операциите, е дека возачот на комбето веднаш го пријавил ударот во полиција, но срната била способна да се движи и побегнала.
Без разлика на загриженоста на возачот на Google, компанијата се повеќе го губи кредибилитетот кај корисниците поради ваквите бизарни пропусти во слични ситуации. Корисниците во повеќе наврати веќе го критикуваа Google за објавената содржина на Street View, но ова е убедливо врвот.


