Авто новости

Статистички докажано: Автомобилите во оваа боја се најбезбедни во сообраќајот

18. ноември 2019 - 18:17 | А.С.

Кога купувате автомобил, бојата обично е еден од последните фактори што ги земате предвид.

Повеќето луѓе ќе се задоволат со која било боја, сѐ додека автомобилот ги има перформансите и цената која им одговара.

Меѓутоа, истражувањата покажаа дека одредени бои и нијанси на возилото играат одредени улоги.

На пример, белите автомобили се барани бидејќи помалку се загреваат оставени на сонце, а и полесно се покрива гребнатинка на автомобил во оваа боја.

Најново истражување покажа дека жолтата боја е најбезбедна во сообраќајот, бидејќи возилата во оваа боја најретко се вмешани во сообраќајни незгоди и несреќи.

Причина е едноставна: впечатливоста на жолтата боја придонесува автомобилот да се издвои од масата и да биде полесно забележлив, а со тоа и поштеден од потенцијален удар, а и пешаците и велосипедистите полесно ги воочуваат.

Статистички, жолтите автомобили во најмал процент учествуваат во сообраќајни незгоди и несреќи, во однос на автомобилите во други бои.

Коментирај