Стеснет кругот на осомничени за убиството на навивачот на АЕК: Хрват, Албанец и 3 Грци

Грчките истражни власти имаат петорица осомничени меѓу кои се сигурни дека се крие убиецот на 29-годишниот навивач на атински АЕК, Михалис Кацурис, кој беше погребан денеска.

За неговото убиство обвинението сѐ уште е против непознат сторител, но грчките истражители прават сѐ за што побрзо да го откријат вистинскиот виновник. Грчките медиуми објавија дека истрагата е сконцентрирана на петорица осомничени од кои само еден е Хрват, а останатите се тројца Грци, веројатно навивачи на ривалот Панатинаикос, како и еден Албанец.

Од тројцата Грци, двајца ѝ се добро познати на грчката полиција по насилничко однесување и кривични дела, за што еден од нив одлежал затворска казна.

„Сторителот на ова брутално убиство може да биде Хрват, Албанец или Грк. Никој нема право да прејудицира за вината на која било личност. Грција е земја на законите“, рече адвокатот Василис Нулезас, кој ги брани тројца од обвинетите. „Да не ја разгоруваме атмосферата, да не ги расипуваме односите меѓу Грците и Хрватите, кои, верувам, во огромно мнозинство се демократски, мирољубиви и како мене и сите ние, го осудуваат насилството во спортот“, додаде тој, чија изјава ја пренесе порталот SDNA.gr.

Денеска 30 од уапсените 105 луѓе се изведени пред истражен орган и јавен обвинител, утре ќе бидат изведени уште 30, а останатите 45 в недела. Поголемиот дел од нив се навивачи на Динамо, има и навивачи на нивниот збратимен клуб Панатинаикос, а очигледно има и други државјани.

Во понеделникот вечер во атинската населба Неа Филаделфија навивачката група на загрепски Динамо, Бед Блу Бојс, збратимени со домашните навивачи на Панатинаикос, ги нападнаа навивачите на АЕК, а во судирите нстрада 29-годишниот Михалис Кацурис, кој беше избоден со нож и почина поради обилното крварење. По несреќниот настан хрватските навивачи порачаа дека тие не користат ножеви.

URL

Поради убиството, УЕФА го одложи натпреварот АЕК - Динамо од 3. квалификациско коло во Лигата на шампионите, кој требаше да се игра во вторникот, и го закажа за 19-ти.

реклама

Фудбал

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Read more

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Read more

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Read more

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ се договорил со Олимпија Милано

Читај повеќе
  • play_arrow

Вечерва е финалето во ЛШ: Реал апсолутен фаворит, Борусија подготвена за сензација

Читај повеќе
  • play_arrow

Митровиќ го расплака Роналдо: Ал Хилал со двојна круна во Саудиска Арабија

Читај повеќе
  • play_arrow

7 најлоши одбрани на титула во историјата на фудбалот

Читај повеќе

Ролан Гарос забрани пиење алкохол на трибините

Читај повеќе
  • filter

Мбапе ја купи вилата на Бејл во Мадрид за 11 милиони евра

Читај повеќе
  • play_arrow

Феноменот Дончиќ ја растури Минесота, Далас е во финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јован Манев: Сите сме со една цел, да постигнеме добар резултат

Читај повеќе

Артета ја пронајде деветката во Бундеслигата

Читај повеќе