Стигна RedmiBook 13 со Core i7 процесор и GeForce MX250 графичка

Redmi го претстави лаптопот RedmiBook 13 кој претставува помала верзија на постоечкиот уред RedmiBook 14.

Новиот лаптоп стигна со десетта генерација Intel Core i5 и Core i7 процесор, како и Nvidia GeForce MX250 графичка картичка.

RedmiBook 13 има метално куќиште, тежи 1,23 килограми и е со дебелина од 17,8 милиметри.

Лаптопот содржи 13,3-инчен LCD дисплеј со 1080 x 1920p Full HD+ резолуција. Екранот има 16:9 однос на страниците и нуди агол на гледање од 178 степени.

И двете верзии на лаптопот (со Core i7 и со Core i5) имаат 8GB RAM и 512GB SSD простор за складирање.

Оперативниот систем е Windows 10. Присутни се вообичаените опции за конекција - Wi-Fi 802.11ac, Bluetooth 5.0, USB 3.1, HDMI и 3.5mm приклучок.

Исто така, има два 2W звучници со DTS аудио поддршка. Батеријата од 40W со едно полнење може да трае до 11 часа.

Лаптопот RedmiBook 13 со Core i7 и Core i5 процесор во Кина се продава по цена од 782, односно 682 долари.

Од денеска ќе има и Moonlight Silver варијанта. Засега не се знае дали лаптопот ќе биде достапен во глобална продажба.

реклама

Хардвер

Оптички диск од наредната генерација може да собере 14.000 4К филмови

Read more

Xiaomi Pad 6S Pro: Нов таблет во клинч со најдобрите

Read more

Lenovo на MWC ќе претстави проѕирен лаптоп

Read more

Кој доминира на пазарот на графички процесори со вештачка интелигенција?

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Откриено тајно brutality за Mortal Kombat 1

Читај повеќе

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Читај повеќе

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Читај повеќе

Grindr во центарот на скандал: Споделувале ХИВ статус на корисниците

Читај повеќе

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Читај повеќе

Европа е под топлотен стрес - се загрева најбрзо од сите континенти

Читај повеќе

На повидок нов револуционерен начин на потрага по вонземен живот

Читај повеќе

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Читај повеќе

Маж во Холандија имал ковид 613 дена: Пронајдени се над 50 мутации на вирусот

Читај повеќе