Кошарка

Стив Неш е нов играч на Лејкерси

5. јули 2012 - 9:40 | Макфакс

Стив Неш, еден од најдобрите организатори на играта во НБА лигата, кариерата ќе ја продолжи во екипата на ЛА Лејкерс.

Ветеранот кој има 38 години, целата своја 16-годишна кариера ја мина во сериозни тимови (Феникс, Далас), но не успеа да стигне до шампионскиот прстен. 

Неш два пати е прогласуван за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната, а со Далас и феникс четири пати играл во конференциското финале, но никогаш не успеал да стигне до големото финале и борбата за шампионскиот прстен. 

Лејкерси, со Коби Брајант, се последна шанса Неш да стигне до титулата. ЛА Лејкерс во замена за Неш дадоа четири пика од драфтот – два во првата рунда во 2013 и 2015 и два од втората рунда во 2013 и 2014 година. 

Доаѓањето на Неш значи дека реална е варијантата најдоминантниот центар во лигата, Двајт Хауард да пристигне во Лос Анџелес, доколку тоа се случи Лејкерси во Орландо ќе го испратат Ендрју Бајнам. 

Коментирај