Стивен Колберт знае како да му помогне на Канје Вест за неговиот долг
Канје Вест стана тема за зборување на интернет откако на Twitter објави дека има долг од 53 милиони долари. Тој побара финансиска помош од некои од најбогатите луѓе во светот, како Марк Закерберг и Лари Пејџ, предизвикувајќи негативни реакции во јавноста.
За да му помогне со долгот познатиот водител Стивен Колберт реши да му даде „корисни“ совети на Вест, во видеото „We Have To Help Kanye“. Време е богаташите да истапат и да му помогнат на Канје Вест и неговите идеи, нели?