Свет

Сто дена протести во Хонгконг

16. септември 2019 - 10:41 | МИА/КАЈГАНА
Денеска е 100-от ден од протестите во Хонгконг. И покрај бруталноста на полицијата во пресметките со граѓаните, тие не се откажуваат.

Граѓаните на Хонгконг масовно излегоа на улиците во знак на протест заради усвојувањето на Законот за екстрадиција во Кина, но набрзо прераснаа во граѓански отпор и борба за послободно демократско општество.
 
Иако спорниот закон беше повлечен, Хонгконг и натаму врие.
 
Хаотично беше и изминатиот викенд, кога полицијата употреби водени топови, солзавец и гумени куршуми против демонстрантите кои ги блокираа патиштата и фрлаа молотови коктели пред зградата на локалната влада.

Илјадници антивладини демонстранти трчаа по улиците подметнувајќи улични пожари и блокирајќи патишта во срцето на оваа поранешна британска колонија, пренесуваат британските медиуми.

Силите за безбедност ги гасеа пожарите, а полицијата повторно употреби солзавец за да ги растури протестите и истера демонстрантите.

Полицијата на Хонгконг утринава издаде соопштение во кое изрази „остра осуда“ откако протестот, што почна мирно, прерасна во насилство во некои деловни, трговски и туристички делови на градот. 

Коментирај