Стојков: Мака ми е што не сум во репрезентацијата

Пандев - Стојков цела една деценија беше тандемот кој ја носеше репрезентацијата на Македонија. Но, сега Пандев без Стојков е на прагот од настап на Европско првенство.

Што мисли Ацо Стојков за шансите на Македонија прво вечерва да го мине Косово, а потоа и да се пласира на ЕУРО? Стојков беше заедно со Горан Пандев уште од млдинските категории на Беласица, потоа и во Интер, а долго врене играа и во репрезентацијата каде одлично соработуваа во нападот.

Сега Стојков е пензиониран, а Пандев, иако 37-годишен, сѐ уште е репреезнтативец и е толку блиску од остварување на долгогодишниот сон, пласман на едно големо натпреварување. Гледајчи го својот поранешен партнер од нападот, сигурно барем еднаш си помислил како би било и тој уште да беше активен во репрезентацијата.

„Па искрено, да. Штета што завршив толку порано. Иначе, би сакал да бидам во тимот, но без разлика што не сум ќе навивам како да сум таму со нив“, вели Стојков како гостин во онлајн емисијата „#СегаЕНашеВреме“ на ФФМ.

Стојков е оптимист дека Македонија ќе успее вечерва да победи и потоа да игра во финалниот бараж во ноември каде со победа би испишала историја.

„Верувам во овој тим затоа што до сега покажа дека има карактер, дека има игра, дека може да се надигрува со сите репрезентации и мислам дека свесни се и они што значи тој натпревар и се надеваме сите дека ќе биде прво финале, а со второто веќе одиме на Европско“.

Проговори и за Пандев, кој и натаму жари и пали ширум италијанските терени, додеак Стојков ужива во пензионерските денови.

„Со тоа што го покажа во Италија, толку години, заедно почнавме таму, не е лесно толку години да се игра на тоа врвно ниво, секоја година, натпревари, давање голони и да биде главен во екипата“, вели тој.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе