Стресот што родителите го доживуваат на работа негативно влијае и врз децата

Сè негативно што се случува на работа длабоко влијае на психата на родителите кои неретко нивните проблеми од работа ги носат дома, загрозувајќи го на тој начин психичкото здравје на дечињата.

Паровите кои немаат деца при изборот на работно место размислуваат за тоа колкава ќе им биде платата, дали ќе работат работа што ќе им се допадне и како ќе напредуваат. Но, оние кои имаат деца мораат да размислуваат за уште еден битен фактор, влијанието на работата врз децата

Секојдневното изложување на стрес и притисок остава последици врз секого, а родителите мора да се борат сето тоа да не го пренесат на децата и тоа да не влијае на нивниот заемен однос.

Bright Side објаснува неколку начини на кои работното место на родителите влијае врз децата.

Проблем на работа не мора секогаш да претставува шефот, понекогаш тоа се и колеги со кои тешко се соработува. Ако родителите работат со колеги кои се неодговорни и несериозни, многу веројатно ќе бидат под поголем стрес поради завршувањето на задачите, а со самото тоа ќе станат построги и поавторитетни и во домот.

Освен што ќе наштетат на односот со децата, родителите неретко ќе помислат за себе дека се лоши родители затоа што поради работата имаат помалку време за децата, па ќе се обидат да бидат построги и на погрешни начини да изградат однос со нив.

Како резултат на изложеноста на стрес, родителите многу построго ги казнуваат грешките на децата и управуваат со многу аспекти од животот на нивните деца. Децата потоа од родителите учат и ја пренесуваат таа агресивност, депресија и анксиозност на својот живот и во односот со другите луѓе. На тој начин, тешко се прифаќаат самите себе и потешко склопуваат нови пријателства.

реклама

Здравје

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Read more

Посипете маслиново масло врз ловоров лист и ќе се изненадите колку е моќен

Read more

Домашни природни лекови против стомачни проблеми

Read more
 

Магазин

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Читај повеќе

5 знаци кои покажуваат дека не јадете доволно

Читај повеќе

Милано размислува да забрани продажба на сладолед по полноќ

Читај повеќе

Дали можете да ги најдете сите 12 животни во оваа илустрација?

Читај повеќе

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Читај повеќе

Три знаци кои ги откриваат нарцисоидните мајки

Читај повеќе

Личен тренер откри колку протеини дневно треба да внесуваме за успешно слабеење

Читај повеќе

Лекарка предупредува на 4 симптоми на смртоносен рак што не смее да се игнорираат

Читај повеќе

5 лекции што најуспешните деца ги учат од родителите

Читај повеќе